02 Mar
  • By ZekirKum
  • Cause in

,,Мрдни со прст“ – Прва акција во Делчево

Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

На 24.02.2018- во сабота, играорците од #КУДГоцеДелчев од Делчево заедно со граѓаните на општина Делчево ‘’#мрднаасопрст’’ за почисто Делчево. Минусните температури не беа пречка 100тина млади- деца и возрасни играорци излезат и активно се вклучат во целодневната акција која се однесуваше на реновирање на летната сцена, чистење на кејот на реката Брегалница и градскиот парк.
Акцијата #МрднисопрстзапочистоДелчево имаше за цел да се крене јавната свест кај граѓаните за зачувување на животната средина и младите од различни етнички заедници да работат заедно и да се дружат. Младите докажаа дека преку дружба и забава може да се постигнат повисоки цели кои се за општо добро на сите граѓани н општина Делчево па дури и за посетителите на градот Делчево. Реновирањето на летната сцена придонесе кон продолжување на традицијата на одржување на различни културни манифестации, а исчистениот градски парк и кејот на реката Брегалница како централни места кои често се посетувани од страна на нашите сограѓани и туристи ќе ја потврдат и одржат чистотата на нашето мало планинско градче.
Оваа акција беше поддржана од страна на #НВОКХАМ од Делчево во рамки на иницијативата ,,#Мрднисопрст’’ и има за цел цел да ја подигне јавната свест за различните можности кои се во доменот на секој поединец како и да се понудат идеи за приднонес кон специфични активности во рамки на заедницата во кои граѓаните можат да се вклучат индивидуално, но и колективно. Благодарност до сите присутни!!!

Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.
ZekirKum