Некатегоризирани
8 Април Светскиот ден на Ромите
8 Април, светскиот ден на Ромите во Делчево се одбележа со пригодна свеченост на која се доделени наградите за најдобрите ученици Роми од средното општинско и од двете основни училишта од Делчево. На свеченоста присуствуваа и свое учество зедоа државниот секретар во министерството за правда г-дин Мухамед Точи, советникот во владата за правни работи и судски постапки г-дин Аксел Ахмедовски и градоначалникот на општина Делчево г-дин Горан Трајковски.Честитки до наградените ученици, честитки до целиот ромски народ и уште многу години да го славиме празникот во мир, просперитет и соживот.