26 дек
  • By ZekirKum
  • Cause in

мрдни со прст – информативни средби во 6 општини

Во периодот од 14.12.2017 до 22.12.2017 се реализираа вкупно шест информативни средби во шест општини(Берово, Делчево, Пехчево,М.Каменица, Виница и Кочани) од Источно Брегалничкиот регион со цел претставување на иницијативата Мрдни со прст. Средбите беа наменети за претставниците од локалните институции, граѓанските организации, граѓаните, месни и урбани заедници и бизнис секторот. #Мрднисопрст #НВОКХАМДелчево#Tвојаидејаиднапромена  

VIEW DETAIL

Граѓаните од 6 општини од крајниот исток ќе можат активно да се вклучат во решавање на проблемите, да донесат промени и да бидат активни чинители во општеството во рамките на иницијативата Мрдни со прст која во Делчево ја имплементира НВО КХАМ.

  • Иницијативата „Мрдни со прст“ има за цел подигнување на јавната свест за различните можности за општествени промени кои се во доменот на секој поединец, како и да се понудат идеи и можности за придонес кон специфични активности во рамки на заедницата во кои граѓаните можат да се вклучат, поединечно, но и колективно, изјави Ромина Кајтазова, проект-менаџер.

Во иницијатвата можат да се вклучат сите граѓани, од ученици, МЗ до институции.

  • Во овој контекст би сакале да ги известиме нашите граѓани, институции и други партнери и соработници дека во текот на оваа недела ќе се започне со спроведување на информативни средби со граѓаните и граѓанските организации за да се запознаат со самиот концепт на иницијативата Мрдни со прст, но и со можностите кои се нудат за нив и секако да се охрабрат и земат активно учество во граѓанското вклучување и застапување. Исто така ќе се реализираат средби со засегнатите страни  , а тие ќе бидат наменети за претставниците на локалните самоуправи , јавните претпријатија, приватниот сектор, компаниите, училиштата, кажа Кајтазова.
  • Во рамки на иницијативата Мрдни со прст, НВО КХАМ од Делчево ги повикува сите граѓани од општините: Делчево, Берово, Пехчево, М. Каменица, Кочани и Виница да ‘’мрднат со прст’’ и активно да не следат на нашата веб и фејсбук страна (www.khamdelcevo.org.mk; https://www.facebook.com/delcevo.kham/; www.mrdnisoprst.mk ; https://www.facebook.com/MrdniSoPrst/; ) за да бидат во тек и да се вклучат во сите понудени активности, изјави Мерема Демирова, координатор

Вкупно ќе бидат поддржани 15 акции за сите шест општини,каде дел од активностите  ќе бидат за граѓанско вклучување, а дел за застапување. Повикот ќе биде отворен во период од четири месеци, започнувајќи од јануари 2018.

„Мрдни со прст“ ќе ги размрдува жителите од 6 општини од Истокот
декември 12, 2017 ZekirKum

Граѓаните од 6 општини од крајниот исток ќе можат активно да се вклучат во решавање на проблемите, да донесат промени и да бидат активни чинители во општеството во рамките на иницијативата Мрдни со прст која во Делчево ја имплементира НВО КХАМ. Иницијативата „Мрдни со прст“ има за цел подигнување на јавната свест за различните можности […]

VIEW DETAIL