Проект: Утврдување на влијанијата на социјалните и економските детерминанти врз животната средина на Ромите
Финансиски поддржан од ФООМ
Имплементатор: НВО КХАМ – Делчево
Период на импленментација : 01.01.2022 – 31.12.2022
Локација на имплементирање на проектот: Делчево, Пехчево и Виница
Координатор на локални активности – Мејрема Мемедова
Главни активности од проектот се истражување во ромска заедница, анкетирање на административни службеници нво локалните самоуправи, фокус групи и изработка на фотовоис продукти
- Најпрво се започна со мапирање на ромското население и селекција на анкетари во трите општини по што следеа обуки за анкетарите за истражувањето со кое се започна во месец Април и кое траеше до почеток на месец Јуни. Вкупно спроведени прашалници во трите локалитети се 300 од кои се добија резултати за еколошките и социјалните ризици врз здравјето на Ромите како и насоките за Фотовоис продуктите.
Резултати од истражувањето во Делчево
- Нема редовно оддржување на јавна чистота во Ромската населба
- Дел од испитаниците изјавиле дека во зима се греат со отпад
- 40% од семејствата изјавиле дека пушат внатре во домот
- 20% од семејствата изјавиле дека во домот имаат мувла и влага
- Дел од испитаниците изјавиле дека при нивната секојдневна работа се изложени на отпад
Резултати од истражувањето во Пехчево, с.Црник
- 26% од семејствата живеат во станбени единици без дозвола за градба
- 6% од населението живеат во куќи со примитивни ѕидови односно изработени од кал
- 4% од населението живеат во објекти со подови од кал
- Воопшто нема атмосферска канализација во Ромската населба
- Сите испитаници одговориле дека населеното место им е лоцирано до еколошко опасни области (нестандардни депонии и отпад)
- 33% од населението отпадот го фрлаат во дива депонија
- 7% од населението имаат тоалет со септичка јама
- 40% од семејствата истакнале дека пушат внатре во домот
Резултати од истражувањето во Виница
- 5% од населението немаат важечка лична карта
- Воопшто нема атмосферска канализиација во ромското маало
- Нема редовно одржување на јавна чистота во ромското маало
- Сите испитаници одговорили дека населеното место им е лоцирано до еколошко опасни области (депонии на цврст комунален отпад)
- 40% од населението имаат членови од семејството кои пушат внатре во домот
- 7% од населението се изјасниле дека живеат во објекти со влага и мувла
Фокус групи
- Оддржани се вкупно 3 фокус групи во сите три локалитети по една.
- На фокус групите имавме претставници од локална самоурава, центар за социјална работа, претставници на членови на граѓански организации и претставници од ромско население.
- Резултати од средбите се детектирани горливите проблеми во ромските области во сите три локалитети
Фотовоис проедукти
- По резултатите добиени од фокус групите и истражувањето се оддржа работилница за фотовоис продукти, односно за фоптовоис алатката за мобилизирање на општинските власти.
- Определение се најважните области на кои треба да се осврти внимание при фотографирањето како и кои делови и моменти треба да бидат опфатени, а кои истите подоцна ке ги модерира експерт и кои денес се овде изложени.
- Подготвени се вкупно 20 фотовоис продукти од сите три локалитети
Делчево |
 |
Здрава животна средина и деца кои растат во стандардни услови
На оваа фотографија се прикажани условите во Делчевско прифатилиште.
Место каде децата си играат, јадат, спијат, учат и одржуваат лична хигиена.
Овие услови го нарушуваат здравјето на семејствата кои живеат овде но и во околината бидејки самото место наликува на депонија.
Овој проблем постои бидејки локалната власт не е заинтересирана да вложи на овој или во друг локал со цел семејствата кои се социјално загрозени и немаат никаков имот да бидат згрижени во места со основни услови за живеење.
|
|

Како изгледа центарот на градот после обилен дожд,
односно поплавени главните улици како и поплавено речно корито.
Оваа состојба во градот е згрозувачка бидејки овде се движат учениците, дечињата од ДГ и среднистите кои често се враќаат дома мокри бидејки при движењето на автомобилите водата отплискува врз нив.
Оваа ситуација е последица на недобра одводна канализација во градот како и неадекватно речно корито.
|
|

Штала Депонија и Неасвалтирани улици секојдневие на ромски семејства
Кров во распаѓање, мувла и влага до плафон, мирис од штала и диви депонии и прах од неасвалтирани улици.
Овие услови се крајно мизерни за една општина, нема детски паркови во близина, нема места за дневна релаксација, а нема ни на сопствените тераси од домовите.
Долги години општината ветува но ништо не исполнува
Едно детско игралиште, отстранување на нелегалните штали во блзиина и асвалтирање на улицатите можат да ја променат целата слика за оваа место.
|
|
|
 |
БИСЕРОТ НА ДЕЛЧЕВО
Дивата депонија во летниот период се запалува многу често но со неутврдени причини, ова се осеќа низ цел град.
Голем дел од граѓаните реагираат до општината и надлежните институции но никој нема слух за решавање на овој децениски проблем.
ИТНО да се воведе селекција на отпад и да се создадат услови за рециклирање на истиот
|
|
|
|
Само во мал дел од центарот на градот имаме речно корито
Разни отпадоци и изливање на хемиски отрови од локалните фабрики, неадекватно и несредено зеленило околу реката, ако ова е бисер на градот – што да очекуваме од другите природни богатства во нашата општина ???
За овој децениски проблем локалните власти не превземаат никаква иницијатива да се реши
|
|
Фотовоисе – Виница


Диви депонии украси на ромското маало во Виница
Ова е секојдневие на Ромите во Виница, дивите депонии се на сред маало и шират гадна смрдеа кои и возрасните и најмалите дечиња секојдневно ја вдишуваат. Старите и неупотребливи контејнери во Ромското маало не го решаваат проблемот со отпадот. Чувството на дискриминација лебди во воздухот. Ако во центарот на Виница ќе забележите контејнери за сепарација на отпадот, тука нема ни каде да се смести отпадот.
Дали локланите власти ја имаат согледано оваа ситуација во Виница??
Апелираме до надлежните локални власти – ПРЕЗЕМЕТЕ ОДГОВОРНОСТ!! Собирајте го отпадот барем еднаш неделно и поставете здрави контењери во маалото.
|
|
|
  |
Зошто се плака комуналие на сметките за вода и јавна чистота???
Вака изгледа секое ромско домакинство во Виница
Отпадот ги краси нивните дворови и улици
Комуналното во Виница не работи совесно и еднакво за сите граѓани
Депониите се резултат и на лошата економска состојба на Јавното Комунално Претпријатие но и ниската свест на самите жители. Доколку се појават заразни болести ќе бидат погодени не само жителите на ромското маало туку сите жители на Виница.
Преполнетите канти за отпад нема да се испразнат сами, потребна е помош од Комуналното претпријатие. Потребен е и креативен активизам за да се привлече вниманието на одговорните институции.
Ѓраѓаните бараат да ги добиваат услугите кои ги плаќаат!
|
|
  
Неасвалтирани влезови, раскопани дворови, примитивни ѕидови и каливи подови се реалност во Виница
Супстандардни услови за живеење, опасноста по здравјето е повеќе од видлива. Поддршката на најсиромашните може да биде поддршка за заштита од болести, заштеда на енергија и можност на инклузија на маргинализираните.
|
|
Фотовоис – с.Црник




РЕКА ОД ОДПАД!
Немањето доволно контејнери или нивната преполнетост предизвикува да дел од отпадот населението да го фрла во реката.
Секако дека тоа не е решение.
Изговори има од страна и на Комуналното претпријатие за ниската наплата на сметките , но и на населението за нередовното собирање на отпад и недостаток на контејнери. Вистината е некаде на средина.
Неодржувањето на речното корито во с. Црник е опасност од појава и на змии, но и можност да кучиња, мачки,глувци и други животни шират заразни болести. Потребно е да се делува превентивно, бидејќи секоја закасната реакција може да биде катастрофална.
|
|
|
 |
Безбедоносен електричен систем на ЕВН
Каблите и жиците од бандерите за уличното осветлување испреплетени во дрвјата претставуваат закана за жителите од с. Црник. Одговорноста си ја префрлаат ЕВН и Локална Самоуправа Пехчево а опасноста ги демне жителите на с. Црник. Потребно е дефинирање на надлежностите пред да се случи катастрофа која може да заврши со губење и на човечки живот.
|
|
|
 |
Прав и ПМ честички секојдневно се вдишуваат во с.Црник
Неасвалтираните услици и дворови се причинители на целата оваа ситуација
Долга е листата на здравствени проблеми што може да бидат предизвикани од вдишување ПМ-10 честички. Може да се појави навлегување на отровни материи во крвта, алергиски реакции, бактериски и габични инфекции, фиброза, респираторни проблеми и сл.
Дали ова е приоритет за општина Пехчево или може да се тера вака уште 100ка???
|
|

Бебе – пасивен пушач
Се уште е ниска свеста кај 40% од жителите на с. Црник дека пушењето во домот предизвикува заболување не само на пушачот туку и на пасивните пушачи односно лицата кои ја вдишуваат чадта од цигарите.
Потребно е едукација за штетноста од пушењето и влијанието врз сопственото здравје и здравјето на најблиските.
|