18 сеп
  • By ZekirKum
  • Cause in

Од 15-ти до 17-ти септември, во хотел Јанакиев се одржа семинар со ромски политички лидери

Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

Од 15-ти до 17-ти сптември, во хотел Јанакиев, се одржа семинар со ромски политички лидери и претставници од ромската граѓанска платформа. Настанот е во рамките на проектот „Јавно и политичко учество на жената Ромка“, финансиски поддржана од ЕДХР. Семинарот го организира НВО КХАМ од Делчево, во соработка со ДАЈА од Куманово. Покрај заеднички усогласениот став на сите учесници дека е неопходна суштинска промена во начинот на вкучување на жената Ромка во јавниот и политичиот живот, донесени се и неколку важни заклучоци како можност за напредок и развој на ромската заедница во РМ.
Донесени се следните препораки на краток, среден и подолг рок:
1. На краток рок:
Да се организираат средби со генералните секретаријатина сите ромски политички партии за презентирање на идејата за формирање на заедничка национална ромска кауза.
2. На среден рок:
Да се дефинираат причините, потребите и целите за формирање на ромска кауза, како и одговорноста на платформата за организирање на овој процес. Сите ромски политички партии, во своите први цели да го инкорпорираат женското прашање ( застапеност во раководните и управните структури)
3. На долг рок:
Да се формира Совет кој ќе работи за афирмирање и операционализација на ромските  прашања прњку дефинирана кауза. Каузата треба да се одреди заедно со сите чинители: Ромски политички партии, НВО-и, интелектуалци и.т.н. Сето ова технички ке биде потпомогнато од кабинетот на министерот Самка Ибраимовски, кој беше дел од овој настан, покрај другите политчки претставници на кои сме им благодарни за објективниот и конструктивен настап, кој од поодамна не можевме да го забележиме.

                                          
Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.
ZekirKum