Нашите цели
Долгорочни цели
1. Остварувањето на човековите права и почитувањето на принципот на недискриминација
2. Надминување на негативните наративи кон Ромите како работници и и подобрување на нивната конкурентност на пазарот на трудот
3. Зголемување на редовноста и подобрување на ниските резултати на ромските ученици во образовниот процес
4. Доследна примена на здравствените права и примена на превентивните здравствените програми кај ромската заедница
5. Вклучување на Ромите во важните општествени текови на локално и национално ниво
Краткорочни цели
• Промовирање на човекови права и заштита од дискриминација по етничка основа и расна профилираност преку зголемен степен на информираност на ромската заедница и маргинализираните групи за основните човекови права
• Остварување на право на домување на маргинализираните групи со акцент на Ромите
• Зголемување на вработливоста и вработеноста на Ромите и подобрување на нивната конкурентност на пазарот на трудот преку надминување на негативните наративи и промоција на позитивни модели на работници Роми
• Зголемен опфат на ромските деца во предучилишното образование и зголемување на редовноста и подобрување на резултатите на ромските ученици од основното и средното образование, а преку подигање на свеста на родителите за важноста од образование на нивните деца
• Афирмирање на ромската историја и култура
• Имплементација на превентивните здравствените програми преку надминување на бариерите при остварување на првата на здравје и менување на негативните наративи за ромската популација
• Вклучување и информирање на Ромите и маргинализираните групи со акцент на младите во креирање на политики на локално и национално ниво