Нашата историја

 

Водени од потребата за остварување, заштита и уогласување на своите интереси и уверувања како и заради вршење на дејности и активности за подобрување и унапредување на образованието кај младите Роми, подобрување на нивната социјална положба и нивно вклучување во сите општествено-економски текови во државата, група граѓани од ромска националност ја основаа Хуманитарната и добротворна организација „КХАМ“ од Делчево. Организацијата е основана на 20.03.1999 год. како невладина непартиска и непрофитабилна организација.   

Тогаш ХДЗР „КХАМ“ ја имаше следната Визија: „ХДЗР“ КХАМ е активен чинител во едно развиено граѓанско општество во Македонија каде општествено-економските услови за живеење во земјата се подобрени.

На почетокот Собранието на организацијата имаше 20 членови од кои 9 членови беа нејзини основачи, а останатите беа членови на Собранието  другите органи на организацијата.

Претседател на Собранието беше избран од членовите на истото, а тој беше и претстедател на Извршниот одбор

Беа воспоставени неколку органи и тела како: Извршен одбор од 7 члена, Надзорна Комисија од 5 члена и Суд на честа составен од 3 члена, сите избрани од членовите на Собранието.

За имплементацијата на проектите беше задолжена Стручна служба со која раководеше секретар, благајник и програмски координатори.

Во периодот 2000-2002 год. организацијата претрпе промена во делот на своите активни членови кои поради  основани причини заминаа од организацијата.  Во тој период беше проширена Мисијата (додадено „и останати маргинализирани групи“)

 Со тек на време членството се зголемуваше и вклучуваше и членови од други националности (Турци,Македонци), а членстовото заедно со ограноците од соседните општини, во 2004 год., достигна бројка од 150 членови.

Беа регистрирани 4 ограноци во општините Берово, Пехчево Виница и с. Црник, кои подоцна, со наша финансиска помош се пререгистрираа во самостојни НВОи.

Во 2005 година, со воспоставена стратегија на организацијата,  се изврши поделеност на работата по области на делување: образование, граѓанско општество и демократија, млади, жени, бесплатна правна помош  и социјала и вработување.

Во 2011 година, организацијата, согласно Законот за здруженија и фондации, се пререгистрира во НВО КХАМ Делчево.  Се воспоставија нови органи на управување и се зголеми членството и волонтерите. Воедно дојде до промена на мисијата и визијата на организацијата.

И 2015 година е година на структурни промени. Се донесе нов Стратешки план за 2015-2018 год. Се ревидираа визијата и мисијата на КХАМ како и стратешките определби.

Согласно донесената стратегија, се ревидираа и постоечките правила и процедури, а се воспостави нова структура  на управување во организацијата.

Периодот кој следи, ќе биде период на предизвици  кој ќе го искористиме за остварување на мисијата на НВО „КХАМ“ Делчево.

Back to top button