ВИЗИЈА
Граѓаните во РМ се рамноправни, достоинствено вработени, со остварено право на здравје и целосно вклучени во образовниот процес и останатите сфери на општественото живеење.
МИСИЈА
НВО “КХАМ” е граѓанска организација која преку информирање, едуцирање, влијание врз политики и обезбедување услуги им помага на Ромите и маргинализираните групи да се ангажираат за да ги остварат своите здравствени права, да обезбедат подобро образовно ниво и подобра економска положба.
ВРЕДНОСТ И НАЧЕЛА НА ДЕЈСТВУВАЊЕ НА НВО “KHAM” ДЕЛЧЕВО
Вредностите и начелата за кои се залага организација и кои ги практикува се:
• Еднаквост
• Транспарентност
• Толерантност
• Отчетност
• Одговорност
• Хуманост
• Солидарност
• Tимска работа
• Meѓусебен дијалог.