Минати проекти

  • Стој цврсто за родова еднаквост  (донатор-Kvinna till Kvinna Foundation I SIDA Шведска развојна агенција

Мај 2021- декември 2022

Резултати:

  1. Одржана работилница за креирање на Стртешки план на КХАМ 2022-2024 и донесена драфт верзија од Стратегијата
  2. Одржана работилница за ревизија на внатрешните правила и процедури на КХАМ
  3. Континуирана работа на канцеларијата за Бесплатна правна помош и психосоцијална поддршка
  • Пристап до правда за маргинализираните групи од Делчево, Беров, Пехчево и Македонска Каменица  Kvinna till Kvinna Foundation)

Октомври 2020-Септември 2021

Резултати:

  1. Регистрирана канцеларија за бесплатна правна помош и психосоцијална поддршка
  2. Ангажман на адвокатка и психолог
  3. Изработена и дистрибуиранна брошура за условите за добивање на БПП
  4. Дадена примарна правна помош во вкупно 60 случаи
  5. Дадена психосоцијална помош  на 4 лица
  • Социјална отчетност и Параправна помош  (ФООМ)
  • Информирање на ромската заедница од Брегалничкиот регион за мерките од АВРМ за Самовработување и мерките за лица кои останале без работа заради КОВИД 19.
  • 23 Роми се вработени, 6 лица Роми станаа практиканти и 35 Роми корисници на ГМП се ангажирани преку мерката Јавни работи
  • Обезбедување на Параправна помош за 74 жителите на ромското маало во Виница на кои им беше исклучена струјата од страна на ЕВН и потпишаа спогодба на отплаќање на долгот на 96 рати, добија сопствени броила и редовно имаат струја 
  • Снимени  20 видеа во рамки на Кампања на НВО ,,КХАМ“ Делчево за заштита на социјалнот  број од незаконско блокирање на Извршителите, Општините и незакоско земање на банкарска провизија. Усвоен внарешен правилник за постапување од страна на Комора на Извршители за давање на рок од 15 дена да Корисниците на ГМП да достават потврда до Извршителите дека се корисници на ГМП и бидат иземени од Извршување. Од страна на Банките, Комерцијална Банка прифати да врши деблокада на корисниците на ГМП без наплата на провизија. Другите Банки оваа обврска ќе ја преземат со новиот Закон за работење на банките.
  • Гостување на Утринска програма на СИТЕЛ телевизија во живо на тема права на корисниците на ГМП
  • Поделени 43 пакети во ромски семејства и уште толку во македонски семејства во рамки на Неделата на имунизација спроведена со гостување на регионални телевизии, Македонско радио, со Локалните самоуправи, Здравствените Домови од   Делчево, Пехчево и Виница
  • Учество на тркалезна маса во Влада на Р.М. организирана од Советникот на Премиерот по барање на ,,КХАМ“ , посветена на состојбите со блокирање на сметките на корисниците на ГМП
  • Работна средба со Министерката за Труд, Пратеничката, Градоначалникот од Делчево и Директорот на ЦСР во просториите на НВО,,КХАМ“ Делчево на која беа адресирани предизвиците посебно нефункционалноста на ЦСР. Договорено е како да се унапреди соработката.
  • Дистрибуција на 80 пакети Хуманитарна помош за ранливите категории на граѓани во Берово во соработка со,,Банка за храна“
  • Во трите локалитети  (Делчево, Виница и Црник) 186 лица се стекнаа со дополнителна параправна помош во делот на социјална заштите (64) здравстевна заштита (4)  права на пациенти (13) и други права (41).
  • Во делот на социјалната заштита околу 30 лица се обратија заради блокирани трансакциски сметки од страна на извршител а истите се корисници на гарантирана минимална помош, истите се деблокирани..
  • Нова Шанса за нас (ЕРАЗМУС)

Резултати од активностите спроведени во Македонија

  • Адаптирана програма за социјална активација пилотирана во три држави Македонија, Хрватска и Словенија
  • Одржани пет медумски презентации за претставување на проектот на регионално и национално ниво
  • Реализиран мултипликативен настан во Штип
  • Креиран план и програма за мотивациски работилници на возрасни Роми,вклучени и поттикнати повеќе од 30 Роми од Штип,Кочани,Виница,Делчево и Берово
  • Креиран план и програма за мотивациски работилници за социјална активација на предавачи,вклучени 6 предавачи
  • Изработена програма за социјална активација за јакнење на јазичната, математичката и дигиталната писменост на возрасната ромската популација 
  • 30 Роми се стекнаа со вештини за социјална активација и сертификати со што ја зголемија својата конкуретност во повеќе општествени сфери
  • Пилот програмата за социјална активација достапна на македонски, хрватски,словенски и англиски во е-форма
  • Адаптирана програма за социјална активација пилотирана во три држави Македонија, Хрватска и Словенија
Back to top button