Лична карта
ЛИЧНА КАРТА НА НВО „КХАМ“ – ДЕЛЧЕВО
Невладината организација „КХАМ“ (НВО „КХАМ“) од Делчево е невладина, непартиска и непрофитабилна органиација основана со слободна вољја и здружување на група група граѓани – ентузијасти чија основна цел беше остварување, заштита и усогласување на своите интереси и уверувањакако и заради вршење на дејности и активности за подобрување и унапредување на социо-економските и образовните потреби на мргинализираните групи.
НВО „КХАМ“ е продолжение на Хуманитарното и добротворно здружение на ромите „КХАМ“ од Делчево кое е основано на 20.03. 1999 год. во кое членуват околу 90 членови повекето од ромска и македонска национаност.
ВИЗИЈА
Граѓаните во РМ се рамноправни, достоинствено вработени, со остварено право на здравје и целосно вклучени во образовниот процес и останатите сфери на општественото живеење.
МИСИЈА
НВО “КХАМ” е граѓанска организација која преку информирање, едуцирање, влијание врз политики и обезбедување услуги им помага на Ромите и маргинализираните групи да се ангажираат за да ги остварат своите здравствени права, да обезбедат подобро образовно ниво и подобра економска положба.Слушнете
Слушнете
ЦЕЛИ (долгорочни и краткорочни)
Долгорочни цели
- Остварувањето на човековите права и почитувањето на принципот на недискриминација
- Надминување на негативните наративи кон Ромите како работници и и подобрување на нивната конкурентност на пазарот на трудот
- Зголемување на редовноста и подобрување на ниските резултати на ромските ученици во образовниот процес
- Доследна примена на здравствените права и примена на превентивните здравствените програми кај ромската заедница
- Вклучување на Ромите во важните општествени текови на локално и национално ниво
Краткорочни цели
- . Промовирање на човекови права и заштита од дискриминација по етничка основа и расна профилираност преку зголемен степен на информираност на ромската заедница и маргинализираните групи за основните човекови права
- Остварување на право на домување на маргинализираните групи со акцент на Ромите
- Зголемување на вработливоста и вработеноста на Ромите и подобрување на нивната конкурентност на пазарот на трудот преку надминување на негативните наративи и промоција на позитивни модели на работници Роми
- Зголемен опфат на ромските деца во предучилишното образование и зголемување на редовноста и подобрување на резултатите на ромските ученици од основното и средното образование, а преку подигање на свеста на родителите за важноста од образование на нивните деца
- Афирмирање на ромската историја и култура
- Имплементација на превентивните здравствените програми преку надминување на бариерите при остварување на првата на здравје и менување на негативните наративи за ромската популација
- Вклучување и информирање на Ромите и маргинализираните групи со акцент на младите во креирање на политики на локално и национално ниво
Целна група
- Граѓаните на општините во Источна Македонија
- Локалните власти и институции (МЦСР, АВРМ, ФЗО, Сектор за урбанизам, Министерство за транспорт и врски, Биро за развој на образование)од Источна Македонија
- Локални, регионални, национални и меѓународни НВОи
- Народен правобранител
- Маргинализирани групи
- Ромски информативен центар (РИЦ) Делчево
- Ромски медијатори
- Политички партии (со акцент на Ромски политички партии)
- Младите од Источно-Брегалничкиот регион
- Оделение за соработка и имплементација на Стратегијата и ЛАП за Роми
- Кабинет на Министер без ресор и Национален координатор
- Мали и средни претпријатија во регионот
НВО „КХАМ“ од Делчево до сега има реализирно повеке од 50 проекти од кои поважни се.
ПРОЕКТИ
Назив на прект | Донатор |
1. “Компјутерски курсеви” | Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС |
2. ” Права на млади” | Фондација институт отворено општество-Македонија (ФИОOМ) |
3. Кампања „ДОСТА Е“ | ФИОOМ |
4. Со демократија против насилство | Институт за трајни заедници (ИТЗ) |
5. -“Зајакнување на организациските капацитети” | Амбасада на САД во Македојнија |
6. Програма„Применето образование за млади Роми“ | Македонски центар за межубародна соработка (МЦМС) |
7. “Гласот на граѓаните” | Фондација отворено општество Македонија (ФИООМ) |
8. Курсеви за шиење | УСАИД |
9. “Летен камп” заврши | МЦМС – ПОР |
10. “Програма за сиромашните заедници” | Институт за трајни заедници (ИТЗ) |
11. “Талентираните млади Роми” | Министерството за култура-Македонија |
12. “Градење на капацитетите и децентрализација” | Светска банка-Канцелариија Скопје |
13. “Кажи Македонија” | ФИООМ, ОХО и МЦМС |
14. “Подобрување на образованието за младите Роми (ПОР)” | МЦМС |
15. “Бесплатни правна помош, правна култураи социјализација“ | Адвокатите комора на Република Македонија |
16. “Стручна обука за невработени жени Ромки” | Програма за развој на заедниците (УСАИД) |
17. “Граѓанско советодавен центар | ФИООМ |
18. Електронско поврзување на НВО Секторот од Брегалничкиот регион | Фондација Е- Македонија |
19. Борба за спречување на трговијата со луѓе” | Отворена порта |
20. “Реинтеграција на иселениците” | Интернационална организација за Миграции (ИОМ) |
21. “Ромите во акција против ХИВ / СИДА” | ХОПС |
22. “Местото и улогата на Ромите во процесот на децентрализација” | ФИООМ |
23. „Пристап до информации од јавен карактер“ | ФИООМ |
24. „Еднакви образовни можности за децата Роми“ | Холандска амбасада |
25. „Улогата на НВО секторот во Источна Македонија“ | Институт за трајни заедници (ИТЗ) |
26. Ромски информативни центри (РИЦ) (2007-2011) | Министерство за труд и социјална политика (MТСП) |
27. „Инклузија на децата Роми во јавните предучилишни установи“ | МТСП |
28. „Институционален развој на ХДЗР – КХАМ“ | Центар за институционален развој (ЦИРа) |
29. „Презентирање на резултати “ | Македонскиот институт за медиуми
( МИМ) |
30. “Спречување на нелегалната трговија на луѓе од, до и преку Бугарија и Македонија” | Европска агенција за реконструкција (ЕАР) |
31. „Жената Ромка заслужува повеке можности“ | Ромска правна програма(РПП) |
32. „Здрава Роми-активните граѓани“ | ФИООМ |
33. Годишна програма на НВО,, КХАМ “ | Центара за институционален развој (ЦИРа) |
34. „Обезбедување на бесплатни правни совети за ромската заедница од Ромите медијатори кои не се правници“ | ЕСЕ / ФООМ |
35. “Имунизација за Роми“ | Институт отворено општество (ИОО) -Њујорк |
36. -„Добар почеток“ | Ромски едукативен фонд -Будимпешта (РЕФ) |
37. Мониторинг на заедницата-Имунизација на Роми“ | „Институт отворено општество (ИОО) -Њујорк |
38. Пат кон кариерата-подобрување на вработувањето на жените од етничките малцинства од источниот регион- 1“ | МРФП (Македонска развојна фондација за претпријатија) |
39. „Право на здравствена заштита- воспоставување на параправна помош во заедницата“ | Институт Отворено Општество Македонија |
40. „Пат кон кариерата-подобрување на вработувањето на жените од етничките малцинства од источниот регион- 2“ | МРФП (Македонска развојна фондација за претпријатија) |
41. „Коалиција на ромски невладини организации за борба против дискриминацијата на Ромите во Македонија на граничните премини“ | Фондација Отворено Општество -PGF |
42. Промени на негативните наративи за ефективно здравство на ромската зедница I, II и III | ФООМ- Програма Јавно зздравје за Роми |
43. .Институционална програма | ЦИВИЦА Мобилитас (МЦМС) |
44. Јавно и политичко учество на жената Ромка во соработка со Даја -Куманово | Европски институт за демократија и човекови права (EIDHR)
|
45. Зголемување учеството на жената Ромка на пазарот на труд во соработка со МРФП | ЕУ-IPA Human recource Development 04 06 01
|
46. Подобрување на вработеноста на Ромите преку образование и обука во соработка со РЕФ | ЕУ-IPA Human recource Development 04 06 01
|
47. Борба против бариерите за излез: Македонските Роми на граница – во соработка со ЕПИ | Ромска канацеларија за Инцијативи и Тенк Тинг фомд од Будимпешта
|
48. Туторска поддршка на ученици Роми кои учат во основно образование во Република Македонија во партнерство со РРЦ
|
РЕФ -Будимпешта
|
49. Социјална Отчетност и правно ззајакнување на ромската заедница | ФООМ |
50. Активности преку учење | ОСФ |
51. Следење и известување за прекршување на правата на Ромите | Германска амбасада в сорааботка со Хелсиншки комитет |
52. Вклучување на децата-Роми во јавните општински установи-Детски градинки во РМ | Министерство за труд и социјална политика |
53. Мојот глас- мој избор | ФОСИ/РИО Будимпешта |
54. Воспоставување на правна преваленса од AIDS во РМ- Мобилна гиниколошка амбукланта | ХЕРА |
55. Правна и финансиска подршка | ФООМ |
56. Стратегија и стратешки планови за еднакви можности во општините Делчево, пехчево и Берово. | Kvinna till Kvinna Foundation |
57. Нова шанса за нас (подготовка на програма за социјално активнисраање за образование на воззрсни)
|
Erazmus + Startegic partnership K2 + |
Catégorie : Au soleil. Tag : hygiène intime. Quelle protection hygiénique choisir pendant ses règles. cialispascherfr24.com Voir l’article.