05 мар
  • By ZekirKum
  • Cause in

„КХАМ“ Делчево распишува награден конкурс за најдобар СТРИП

Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

Невладината организација „КХАМ“ Делчево распишува награден конкурс за најдобар СТРИП за потребите на проектот „Менување на негативите наративи за Ромите во здравствените институции“

Целта на СТРИПОТ е промовирање на позитивни модели од здравствените работници за позитивен пристап кон ромската заедница и промена на генералната слика во насока на подобрување на здравствениот статус на Ромите во Источен (Брегалнички) регион.

Задача на учесниците е да изработат СТРИП КРЕАЦИЈА во кој ќе го покажат своето видување за проблемот за:

-Недостаток на ефективен механизам за евидентирање на прекршувањата на правата од здравствена заштита и здравствено осигурување на Ромите, како и постапување по истите

-Скриена дискриминација врз основа на субјективна перцепција кај одредени здравствени работници

-Постоење на стереотипи и отсуството на сензибилност кај здравствените работници кој е дополнителен проблем за Ромите.

Стрипот е потребно да се изработи во вид цртеж на традиционален начин и пренесена во електронска форма.

-Должината на стрипот да биде од 1 до 5 табли, и тоа на А4 формат, (мин.300дпи, ако се испраќа по електронски пат).

Доколку стрипот е на една страна треба да биде со најмалку 4 сликички.

Стрип креацијата треба задолжително да содржи порака преку која ќе се афирмираат и поттикнат позитивните наративи кои би требало да ги практикуваат здравствените работници.

Трите најдобри и најкреативните решенија одбрани од страна на Комисијата формирана од НВО КХАМ Делчево ќе бидат наградени и тоа:

-прва награда-300 УСД

-втора награда-200УСД и

-трета награда 100 УСД во денарска противредност на денот на прогласувањето на наградените.

Право на учество на конкурсот имаат сите заинтересирани граѓани како и правни лица.

Рок на доставување на материјалите е до 20.12.2015 год. на адреса:

НВО КХАМ Делчево, ул.„Маршал Тито“ бр. 69 Делчево, mail:nvokhamdelcevo@gmail.com или преку

facebook страницата на KHAM

тел:033/413-695

моб:071/215-357

Пријавата треба да содржи:

Име и презиме(за граѓани) или

Име на фирма (за правно лице)

Адреса

Контакт

Авторски производ

Напомена:Стриповите на наградените учесници на конкурсот, нема да бидат вратени. Со самото испраќање, организаторот се стекнува со право да го објавува и презентира стрипот заедно со авторите во склоп на промоција на своите активности.

Конкурсот е дел од проектот „Менување на негативите наративи за Ромите во здравствените институции“ финансиски поддржан од Фондација Отворено Општество (ФООМ), а имплеменитаран од НВО КХАМ Делчево.

 

Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.
ZekirKum