Граѓанска вклученост

Минати проекти:   област: Граѓанско учество:МРДНИ со ПРСТ(декември 2017-мај 2018)Донатор AECOM-USAIDЦел: потикнување на граѓански акции и иницијативи за зголемена вклученост кај секојпоединец или колективитет преку идеи и индивидуална одговорносст да се напраавиодредена општествена промена во источно -брегалничкиот регион. област: Човекови праваПроект: Јавно и политичко учество на жените Ромки (2016-2017)Проектот е поддржанод ЕУ преку инструментот ЕИДХР, а се имплементира од страна на РОЖМ ДАЈА -Куманово и НВО „КХАМ“ Делчево. Истиот започна да се спроведува во периодот од декември 2015 до ноември 2017. Активностите во рамки на проектот сенасочени кон надминување на предрасудите и систематската дискриминација, како и подобрување на статусот на жената Ромка во Македонија прекунејзино вклучување во јавниот и политичкиот живот. Досега се спроведени 10 информативни настани во 5 локалитети: Делчево, Куманово, Скопје, Штип и Гостивар, во кои учесниците, главно жени Ромки (околу 190), беа информирани за содржината на проектот и за нивните права како жени. Остварени сесредби со ромски политички партии и со политички партии воопшто, започнато е истражување одРОМАЛИТИКО за сегашната состојба на жените во државните и политичките структури кои ќе продолжат и понатака. Во иднина ќе следат активности кои ќе бидат насочени кон зајакнување на ромското женско лоби и зголемување на учеството на жените Ромки во политичките процеси.Проект: „Справување со препреките за излез – Ромите на македонските граници“Институтот за Европска политика – ЕПИ како партнер на невладината организација КХАМ од Делчево, со финансиска поддршка од страна на Канцеларија за ромски иницијативи, Фондација Отворено општество (Roma Initiatives Office, Open Society Foundations) од Будимпешта, во декември 2015 година започна со спроведување на проектот (“Combating barriers for exit: Macedonian Roma at the borders”) „Справување со препреките за излез – Ромите на македонските граници“. Времетраењето на проектот ќе биде 12 месеци. Проект :Поттикнување на одржлива реинтеграција на Роми повратници во Македонија“Поддржан од Институт за европска политика СкопјеСо проектот„Поттикнување на одржлива реинтеграција на Роми повратници во Македонија“ во периодот на спорведување од 01.01.2017 до 30.12.2017 година сакавме најпрвин да ги идентификуваме причините за напуштање на државата и тоа на  територија на пет општини во Македонија (Куманово, Делчево, Тетово, Шуто Оризари и Битола) и да се мапираат повратниците. Тековен проект- Образование за врозрасниПроект: NEC- Нова шанса за нас, поддржан преку програмата Еразмус+ програмата на Европската Комисија. 

Од 01.10.2019 година започна спроведувањето на проектот NEC- Нова шанса за нас, поддржан преку програмата Еразмус+ програмата на Европската Комисија. Активностите во рамки на овој проект се спроведуваат во три држави, односно во Хрватска,Словенија и Република Северна Македонија. За да се надополнат потребите на ромското население со потребно знаење и едукација, а кое ќе овозможи нивна соодветна интеграција сите парнерски организации активно работиме во изработка на програми кои опфаќаат тематска или базична/основа писменост на Ромите како заедница. Во изработката на програмите се вклучени три универзитети за образование на возрасни и три граѓански организации кои имаат долгогодишно искуство во интегрирано,интеркултурно образование и професионален развој на едукатори. Од Р.Северна Македонија е вклучен Универзитетот за образование на возрасни Ванчо Прке Штип и НВО КХАМ Делчево.

 Од ноември 2020 до јули 2021 изработивме две програми: Програма за мотивација на едукатори и Програма за возрасни ученици, од септември започнавме со изработка на Програма за социјална активација, сите наведени програми се усогласени предивдените компетенции за образование на ЕК и усогласени со стандардите на државите вклучени во проектот. Програмата ќе се пилотира во универзитетите за образование на возрасни во Хрватска, Словенија и Р. Северна Македонија во периодот што следи, по што ќе се прави проценка за нивната успешност. Проектот ќе трае до 2022 година.

Мрдни со прст 12
Мрдни со прст
Еразмус +
Реинтеграција на повратници
Јавно и политичко учество на женатра Ромка

Previous
Next

Back to top button