
„Со креирање на Стратегја и Локални Акциски Планови, до еднакви можности за мажите и жените во општините Делчево, Берово и Пехчево“
Во организација на НВО КХАМ Делчево преку проектот „Со креирање на Стратегија и Локални Акциски Планови, до еднакви можности за мажите и жените во општините Делчево, Берово и Пехчево“ во периодот од 22-24.02.2019 година, во Хотел Манастир во Берово, заедно со членовите на комисиите за еднакви можности при Советите на општините Делчево, Берово и Пехчево ,се креираше Стратегија за еднакви можности за трите општини. Сакаме да го искажеме нашето задоволство и благодарност од активното учество на сите членови на КЕМ, нивното залагање и вложување , како и до тренерот на обуката кој се вложи максимално за постигнување на посакувана цел. Проектот финансиски е поддржан од „Kvina till Kvina“