11 Apr
  • By ZekirKum
  • Cause in

Соопштение до медиуми

Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

Соопштение до медиуми

 

На  08.04.2018 и 09.04.2018 , граѓаните на општина Виница  ‘мрднаа со прст’ за “Чист простор за здрави луѓе” каде 120тина млади, деца и возрасни излегоа  и активно се вклучија во дводневната акција  која се однесуваше на реконструкција на спортското игралиште во Ромското маало како и еколошка акција во близина на самото игралиште. Првиот ден се однесуваше на расчистување на теренот, отстранување на оштетената мрежа и поставување на нова, поставување на шипки на постоечките стативи, фарбање на стативите и бележење на фудбалскиот терен, вториот ден беше организиран фудбалски турнир помеѓу 5 мали репрезентации, а по завршување на турнирот присутните граѓани го чистеа насобраниот отпад околу и во игралиштето. Во целост можеме да потврдиме дека акцијата ,,Чист простор за здрави луѓе“  докажа дека преку дружба и забава може да се постигнат повисоки цели кои се за општо добро на сите граѓани.

Би сакале да изразиме особена благодарност до граѓаните на општина Виница кои придонесоа кон успешност на оваа акција и покажаа дека соработката со институциите е возможна и дека со желба, ентузијазам и проактивност може да се случи промената што сакаме да ја видиме.

Ние како НВО КХАМ Делчево очекуваме да продолжи ентузијазмот на граѓаните за промена на нештата, но исто така очекуваме совесно и грижливо да се одржуваат општите добра.

Оваа акција беше поддржана од страна на НВО КХАМ од Делчево во рамки на иницијативата ,,Мрдни со прст’’ заедно со Ромска советодавна група Виница  и има за цел цел да ја подигне јавната свест за различните можности кои се во доменот на секој поединец како и да се понудат идеи за приднонес  кон специфични активности  во рамки на  заедницата во кои граѓаните можат да се вклучат индивидуално, но и колективно.

https://l.facebook.com/l.php?u=https%3A%2F%2Fwww.youtube.com%2Fwatch%3Fv%3DmFGQ92Bxc_U&h=ATM5PvjiazcTJMbGwfZfJ6C8gqi9Xaa87vw4pqVe_nZDVQlebbfLAtrGxYJVCx-YBZ55YjZwuMh2J88aJAfylnKsIEQsUPk1dIGhxKZB9q_VditWpGOw

https://l.facebook.com/l.php?u=https%3A%2F%2Fwww.youtube.com%2Fwatch%3Fv%3D5VZZIzfEW9Y&h=ATM5PvjiazcTJMbGwfZfJ6C8gqi9Xaa87vw4pqVe_nZDVQlebbfLAtrGxYJVCx-YBZ55YjZwuMh2J88aJAfylnKsIEQsUPk1dIGhxKZB9q_VditWpGOw

Ромина Кајтазова-НВО КХАМ Делчево

   

   

Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.
ZekirKum