21 дек
  • By ZekirKum
  • Cause in

Работилница за креирање на Младинска Стратегија за интеграција на млади Роми

Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

На 16,17 и 18 декември, во Хотел Манастир во Берово, се одржа работилница за креирање на Младинска Стратегија за интеграција на млади Роми. Работилницата е во рамки на проект кој што финансиски е поддржан од Француската Амбасада, а го имплементира НВО КХАМ во партнерство со Кабинетот на министерот без ресор, задолжен за имплементацијата на Стратегијата за Роми 2014-2020 година и Агенцијата за млади и спорт. Целта на овој проект е дел од содржините од оваа Стратегија за млади Роми да се инкорпориора во Националната младинска стратегија која е во тек на изработка а дел од содржините да се опфатат во новата Национална стратегија за интеграција на Роми 2020. На работилницата присуствуваа преставници од Кабинетот на Министерот без ресор, преставници од Министерството за труд и социјална политика и две младински организации (Ромаверзитас и Ромалитико). По изработката на првата драфт верзија документот ке се пушти на коментари, сугестии и предлози кај сите заинтересирани страни.

Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.
ZekirKum