05 фев
  • By ZekirKum
  • Cause in

ОГЛАС за обучувач/консултант за спроведување на две работилници, изработка на стратегија и три локални акциски планови за родова еднаквост

Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

НВО„КХАМ“ Делчево објавува оглас за ангажирање на тренер за спроведување на две дводневни работилници со членовите на Комисиите за еднакви можности од општините Делчево, Берово и Пехчево, изработка на заедничка стратегија за еднакви можности за Општините Делчево, Берово и Пехчево, изработка на три посебни акциски планови за родова еднаквост за општините Делчево, Берово и Пехчево.
Ангажманот е во рамки на проектот „Со стратегија и локални акциски планови до еднакви можности за жените и мажите во општините Делчево, Берово и Пехчево“, финансиски поддржан од The Kvinna till Kvinna Foundation.
Во рамки на проектот е предвидено изработка на заедничка стратегија за родова еднаквост за трите општини, Делчево, Берово и Пехчево, и посебни акциски планови за родова еднаквост за Комисиите за еднакви можности при советите на трите општини. На изработката на стратегијата и акциските планови ќе и претходат две дводневни работилници со членовите на Комисиите за еднакви можности од општините Делчево, Берово и Пехчево кои работилници ќе ги води обучувачот.

АНГАЖМАНОТ ОПФАЌА:
Цел и очекувани резултати:
• Функционалност на Комисиите за еднакви можности од Делчево, Берово и Пехчево
• Да се зајакне улогата на Комисиите за еднакви можности при донесување и спроведување на локалните политики
• Да се изработи заедничка стратегија за родова еднаквост за трите општини, Делчево, Берово и Пехчево, и посебни акциски планови за родова еднаквост за Комисиите за еднакви можности при советите на трите општини.
ОЧЕКУВАНИ ПРОДУКТИ
• Изработка на методологија и дизајн за две работилници со членовите на Комисиите за еднакви можности
• Анализа и презентација на првична верзија од документите кои се цел на ангажманот
• Подготовка на извештај по одржувањето на работилниците
• Изработка на финален документ-Стратегија за родова еднаквост за општините Делчево, Берово и Пехчево која ќе се темели на одржаната работилница и работата на Комисиите
• Изработка на финален документ-Акциски планови за родова еднаквост за општините Делчево, Берово и Пехчево која ќе се темели на одржаната работилница и работата на Комисиите
• Фасилитирање на форум (настан кој ќе следи по изработката на документите кои се цел на ангажманот)

ВРЕМЕНСКА РАМКА:
Ангажманот е очекувано да биде во периодот февруари–март 2019 година во траење од 6 консултантски денови (за работилниците) и март-јуни во траење од 10 консултантски денови (за доработка и изработка на финални документи Стратегија и Акциски планови)

ПРОФИЛ И КВАЛИФИКАЦИИ НА КОНСУЛТАНТОТ:
Бараме лице чија главна одговорност ќе биде:
1. Спроведување на две дводневни работилници со Комисиите за еднакви можности од три општини, Делчево, Берово и Пехчево
2. Изработка на финален документ Стратегија за родова еднаквост за општините Делчево, Берово и Пехчево
3. Изработка на финален документ-Акциски планови за родова еднаквост за општините Делчево, Берово и Пехчево
Консултантот треба да ги исполнува следниве услови::
• Обучувач/консултант со 5 годишно искуство за стратешко планирање и како методолог, а за што ќе треба да достави и доказ/портфолио
• Искуство во фасилитирање со работилници и подготовка и изработка на стратегија и акциски планови
• Во својата биографија да посочи на искуства во работа со граѓанскиот сектор во РМ и познавање на човековите права и правата од законот за родова еднаквост
• Способности за планирање и организација
• Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи

АПЛИКАЦИЈА:

Заинтересираните лица, најдоцна до 10 февруаи 2019 (крај на ден) потребно е да достават:
• предлог методологија и алатки за спроведување на работилниците
• предлог на агенда за работилниците
• професионална биографија со вклучени референци
• портфолио/листа на клиенти/организации за кои се спроведени истт/сличен тип на активности
Документите со назнака Повик за консултант може да ги доставите на следниот начин:
На електронска адреса: nvokhamdelcevo@gmail.com

Лицата кои што аплицирале ќе бидат известени за резултатите од повикот, по електронски пат, најдоцна 3 дена по избор на консултант.

Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.
ZekirKum