Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

ЦЕЛИ на НВО КХАМ

Долгорочни цели

1. Остварувањето на човековите права и почитувањето на принципот на недискриминација

2. Надминување на негативните наративи кон Ромите како работници и и подобрување на нивната конкурентност на пазарот на трудот

3. Зголемување на редовноста и подобрување на ниските резултати на ромските ученици во образовниот процес

4. Доследна примена на здравствените права и примена на превентивните здравствените програми кај ромската заедница

5. Вклучување на Ромите во важните општествени текови на локално и национално ниво

Краткорочни цели

• Промовирање на човекови права и заштита од дискриминација по етничка основа и расна профилираност преку зголемен степен на информираност на ромската заедница и маргинализираните групи за основните човекови права

• Остварување на право на домување на маргинализираните групи со акцент на Ромитe

• Зголемување на вработливоста и вработеноста на Ромите и подобрување на нивната конкурентност на пазарот на трудот преку надминување на негативните наративи и промоција на позитивни модели на работници Роми

• Зголемен опфат на ромските деца во предучилишното образование и зголемување на редовноста и подобрување на резултатите на ромските ученици од основното и средното образование, а преку подигање на свеста на родителите за важноста од образование на нивните деца

• Афирмирање на ромската историја и култура

• Имплементација на превентивните здравствените програми преку надминување на бариерите при остварување на првата на здравје и менување на негативните наративи за ромската популација

• Вклучување и информирање на Ромите и маргинализираните групи со акцент на младите во креирање на политики на локално и национално ниво

___________________________________________________________________________

ЦЕЛНИ ГРУПИ НА НВО КХАМ ДЕЛЧЕВО

Во спроведувањето на приоритетите и активностите на организацијата, предвидени со стратешкиот план, КХАМ Делчево соработува и им се обраќа на различни целни групи, кои се директно или индиректно засегнати од активностите кои ги спроведува организацијата.

НВО КХАМ Делчево воспоставува, интензивира и ја унапредува соработката пред се со ромската заедница во Источиот регион, како и со следните целни групи:

• Граѓаните на општините во Источна Македонија

• Локалните власти и институции (МЦСР, АВРМ, ФЗО, Сектор за урбанизам, Министерство за транспорт и врски, Биро за развој на образование) од Источна Македонија

• Локални, регионални, национални и меѓународни НВОи

• Народен правобранител

• Маргинализирани групи

• Ромски информативен центар (РИЦ) Делчево

• Ромски медијатори

• Политички партии (со акцент на Ромски политички партии)

• Младите од Источно-Брегалничкиот регион

• Оделение за соработка и имплементација на Стратегијата и ЛАП за Роми

• Кабинет на Министер без ресор и Национален координатор

• Мали и средни претпријатија во регионот

Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.