Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

Проект 1 . „Јавно и политичко учество на жената Ромка“

Донатор е EIDHR, а имплементатори се Ромската организација на жени ДАЈА од Куманово и НВО КХАМ од Делчево.

Време на имплементација:2015-2017 год.

Од 01.12.2015 година НВО КХАМ започна со реализација на проект: „Јавно и политичко учество на жената Ромка“.

_________________________________________

Проект . „Борба против бариерите за излез-Македонските Роми на граница”

Партнери: EPI (European Policy Institute).

Донатор: TTF (Think Tank Fund) i RIO (Roma Initiative Office)

_________________________________________

Проект 3:„Подобрување на вработувањето на Ромите преку образование и обука“

Финансиран од ЕУ и имплементиран од Ромски Едукативен Фонд (РЕФ) Будимпешта

Партнери:НВО КХАМ Делчево и НВО „Амбрела“ Скопје Локација на проектот: Делчево, Шуто Оризари -Скопје, Виница, Тработивиште и с.Црник

Времетраење: 24 месеци

Од месец март 2016 година, а во тек на 24 месеци, ќе започне да се реализира проектот „Подобрување на вработувањето на Ромите преку образование и обука“.

Целна група: Деца Роми на возраст од нула до шест години и Роми кои престанале со своето образование пред завршувањето на средното образование

Цел на проектот е зголемување на бројот на вработување на маргинализираните ромските заедници преку образованието за возрасни и обука и програми за описменување, како и зголемен пристап до предучилишното образование на децата Роми.

__________________________________

Проект 4: „Зголемување на учеството на жените Ромки на пазарот на труд“

Финансирана од Министерство за финансии, во рамките на ЕУ ИПА (Компонента за развој на човечки ресурси), а во партнерство со Македонска развојна фондација за претпријатија НВО КХАМ Делчево, ХДЗР Месечина од Гостивар и микрокредитната фондација Хоризонти.

Од 14.12.2015 година, проектот „Зголемување на учеството на жените Ромки на пазарот на труд“ се одвива во 6 града:Делчево, Пехчево, Берово, Тетово, Гостивар и Дебар.

Во првата фаза од реализацијата се планира да се се соберат доволно информации за препреките за вработување со кои се среќаваат жените Ромки, проценувајки ги работните вештини и знаења на целната група. Со оваа активност ке бидат информирани 100 жени.

Резултатите од спроведената анализа ќе служат како основа за студија за понатамошно креирање на иновативни и активни политики на пазарот на трудот Преку изработка на индивидуални планови за (само)вработување за жените Ромки и спроведување на стручни курсеви ќе се обезбедат технички, трговски и други професионални обуки и секоја учесничка од проектот ќе добие курс за стручно образование од прв степен.

Ќе се направи и прирачник за жените Ромки за добивање на правна , здравствена и друга помош. Ќе содржи контекст на проблем и решение. Ќе биде поделен на 4 дела и ке вклучува информации за главните правни, здравствени и проблеми за домување и вработување. Од страна на микрофондацијата „Хоризонти“ ќе се изработи програма за претприемништво за Ромките претприемачи. Основа за изработка на оваа програма ке бидат податоците кои ги има микрофондацијата Хоризонти. Ке се организизираат два основни курса за 40 ромки , првата ке биде за правните аспекти во кои ке биде вклучен модул за основно финансиско менаџирање, втората обука ке опфаќа маркетинг стратегии за малите бизниси.

______________________________________________

Проект 5. Менување на негативите наративи кон Ромите во здравствените институции

ФООМ-2015

Главна цел:

Трансформацијата на негативните ставови/наративи кај здравствните работници, а со тоа и промена на генералната слика во насока на подобрување на здравствениот статус на Ромите во Источениот регион.

Специфични цели

– Промоција на добри практики преку кои ке се изврши мотивација за промена/трансформација на негативните наративни кај здравствените работници во целниот регион, а кои се резултат на предрасуди и стереотипи кон ромската заедница

-Сензибилизација и воспоставување на позитивен пристап на здравствени професипналци од здрстевните домови од општините Делчево, Пехчево и Виница за работа со пациенти -Роми

-Информирање и едуцирање на лица од ромската заедница oд трите таргет општини, за препознавање на нееднаквиот третман во нудењето на здравствени услуги и прекршени права од здравствена заштита

______________________________________________

Проект 6. Социјална отчетност и правно зајакнување на ромската заедница (во тек)…

ФООМ-2015

Цели за 2015 год:

1. Зголемување на бројот на вакцинирани деца на возраст од 0 до 15 год. за најмалку 90 % во Брегалничкиот регион

2.Унапредување на женското здравје (скрининг програма за рано откривање на рак на грло на матката кај жените на возраст од 25 до 60 год. во Брегалничкиот регион)

Целни групи:

-Ромски родители и деца на возраст од 0 -18 год. од Брегалничкиот регион (Делчево, с. Црник, и Виница)

-Жени Ромки на возраст од 25 до 60 год. од Делчево, с. Црник и Виница

-Здравствни професионалци од Делчево, с. Црник и Виница

– Медиуми

– Институции кои делуваат на локално ниво во Локалните општини, Комисијата за заштита на правата на пациентите, Центарот за социјална работа итн од Делчево, Црник и Виница

_______________________________________________

Проект 7. Институционален развој и организациско јакнење ( во тек)

Програма-CIVICA Mobilitas-Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC)

На ден 18.10.2015 год. се одржа Годишно собрание на НВО КХАМ Делчево. На Собранието се донесе заклучок за усвојување на новиот Стратешки план на организацијата и заклучок за измените на Статутот на НВО КХАМ. Воедно се предложија членови за нов Управен одбор и Надзорна Комисија на НВО КХАМ Делчево.

_______________________________________________

Проект 8 „Туторска поддршка на ученици Роми кои учат во основно образование во Република Македонија“

Проектот „Туторска поддршка на ученици Роми кои учат во основно образование во Република Македонија“, финансиски и технички е поддржан од страна на Ромскиот едукативен фонд–Будимпешта.

Имплементиран е од Ромски ресурсен центар–Скопје (РРЦ) и НВО „КХАМ“ Делчево.

Цел на проектот е подобрување на соработката со основните училишта во три општини, Делчево,с. Црник и Виница преку реализација на туторска настава за ромските ученици од овие општини.

_______________________________________________

Проект 9. Инклузија на деца Роми во јавните предучилишни установи

Министерство за труд и социјлан политика

Во соработка со Министерството за труд и социјална политика НВО КХАМ Делчево веќе осма година го имплементира проектот во кој од учебната 2015/2016 година се вклучени деца од 3-5 годишна возраст.

Во три детски градинки во образовниот процес се вклучени вкупно 93 деца и тоа во: Делчево-38, Виница- 40 и с. Црник-Пехчево-15 деца. Со овој проект се следи напредокот и редовноста на децата во детските градинки. Предвидени се и работилници за родители во однос на потребата од предшколско вклучување на нивните деца во образовниот процес.

Оваа учебна године се предвидени работилници на тема „YOUR STORY“ од програмата МЕСЕД, која е дел од активностите на проектот. На овие работилници, фасцилитаторот е мајка во која другите забележале потенцијал во поглед на нејзината способност да ги координира активностите на другите мајки, а воедно преку нејзиниот пример на позитивен модел, да влијае на животите на останатите.

Предвидени се и активности од HSCL програма (Home School Community Laison). Оваа програма е всушност превентивна стратегија насочени кон учениците кои се изложени на ризик да не го постигнат својот потенцијал во образовниот систем. Обучениот тренерот од програмата се фокусира директно на работа со родителите со цел тие да бидат поддршка на децата во образовниот живот, учество и редовност во образовниот процес.

РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ ВО 2014 ГОДИНА.

Инклузија на децата роми во Јавните предучилишни установи

Во рамките на проектот „Инклузија на децата роми во Јавните предучилишни установи“ во соработка со Министерството за труд и социјална Со овој проект се следи напредокот на децата во однос на совладување на македонскиот јазик и се врши нивна подготовка за полесен влез во прво одделение. Опфатени се деца на годишна возраст од 4,7 до 5,7 год., а покрај следењето на децата во детската установа предвидени се и активности за подигање на свеста на родителите за потребата од предшколско вклучување на нивните деца во образовниот процес. .

______________________________________________

РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ ВО 2013 ГОДИНА

CIVICA Mobilitas ПРОГРАМА

Со поддршка на Програмата за институционални грантови од CIVICA Mobilitas, програма која е финасирана од Швајцарската Агенција за развој и соработка, имплементирана од Центарот за инстититуционален развој ЦИРА-Скопје, преку која НВО КХАМ Делчево ја имплементираше својата годишна Програма за 2013 година, НВО КХАМ Делчево работеше директно на развој на капацитетот на организацијата за да се подобри влијанието во општеството, како и да се подобрат услугите што се обезбедуваат за граѓаните.

_______________________________________________

РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ ВО 2012 ГОДИНА.

CIVICA Mobilitas ПРОГРАМА

НВО КХАМ Делчево и во текот на 2012 година работеше директно на развој на капацитетот на организацијата поддршка на Програмата за институционални грантови од CIVICA Mobilitas, програма која е финасирана од Швајцарската Агенција за развој и соработка, имплементирана од Центарот за инстититуционален развој ЦИРА-Скопје, преку која НВО КХАМ Делчево ја имплементираше својата годишна Програма за 2012 година.

Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.