Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

ОБЛАСТ-ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Остварувањето на човековите права и почитувањето на принципот на недискриминација,претставуваат темелна вредност на македонското општество.

Причините за појавата на дискриминација се наоѓаат во се уште присутните предрасуди кон одредени општествени групи или поединци, а ваквите однесувања, некогаш директно, а често индиректно, имаат за цел да направат поделби и нееднаков третман на граѓаните, по основ на различната етничка припадност, јазик, полова припадност, припадност на маргинализирана група, социјално потекло, верско или политичко уверување…, односно различно постапување спрема поединци и одредени групи во исти или слични ситуации. Во овој поглед нарушување на основните човекови права најмногу се забележани кај ромската заедница како најмаргинализирана група која е најподложна на дискриминација по сите основи.

Во последниот период (2011-2015) значително се забележува ограничување на правото на движење пред се на припадниците од ромската заедница.

НВО „КХАМ“ Делчево за оваа проблемска област се фокусира на:

1. Зголемување на степенот на информираност на ромската заедница и маргинализираните групи за основните човекови права

2. Остварувањето на право на домување на маргинализираните групи со акцент на Ромите

3. Промовирање на човекови права и заштита од дискриминација по етничка основа и расна профилираност;

______________________________________________

ПРОЕКТИ

Проект 1. „Јавно и политичко учество на жената Ромка“

Донатор е EIDHR, а имплементатори се Ромската организација на жени ДАЈА од Куманово и НВО КХАМ од Делчево.

Време на имплементација:2015-2017 год.

Од 01.12.2015 година НВО КХАМ започна со реализација на проект: „Јавно и политичко учество на жената Ромка“.

Проектот ќе се одвива во 5 градови во Р. Македонија: Куманово, Делчево, Гостивар, Штип и Скопје.

Преку проектот, ке ја подигнеме свесноста на жените Ромки за нивните права и важноста на нивната активност во политичкиот живот

Воедно ќе бидат создадени услови за добро опкружување во политичките партии за доаѓање на жените Ромки, а преку состаноци со претставниците од политичките партии на национално и локално ниво, посебно со Ромските политички партии. Ќе се прават напори за зголемување на свесноста помеѓу популацијата, институциите и бизнис секторот за учество на жените Ромки во јавниот и политички живот како и свесноста за бариерите и пречки за учеството на жените Ромки во јавниот и политички живот, посебно на локално ниво.

Клучна улога ќе имаат и мажите како подржувачи и активни учесници во проектните активности.

______________________________________________

Проект 2. „Борба против бариерите за излез-Македонските Роми на граница”

Партнери: EPI (European Policy Institute).

Донатор: TTF (Think Tank Fund) i RIO (Roma Initiative Office)

Времетраење: 2015-2016

Во тек на реализација е проект „Борба против бариерите за излез“ кој е значаен за нашата целна група, за спречување на дискриминацијата на граница и во кој има предложен пристап за надминување на проблемот со Роми повратници.

Во почетната фаза при подготовката на проектот се утврди бројот на дискриминирани Роми на граничните премини.Предложени беа постапките и наредни чекори во надминување на овој проблем. Се одржа меѓународна конференција во Будимпешта (9-10.06.2015 год.) на која учество зеде и НВО КХАМ Делчево, беа предложени постапки и наредни чекори во надминување на овој проблем. Во подоцнежната фаза од реализација на проектот ќе се пристапи кон изготвување на план и програма за социјализација и ресоцијализација на Роми- економски мигранти

Проектот треба да придонесе за:

1.Разбирање на проблемот на Ромите кои се враќаат од граница

2. Предлагање политички дејствија за отстранување на пречките во однос на Ромите и спречување на излез од државата

3. Застапување за промена на практиките за политиката на враќање на македонските Роми од границите

______________________________________________

Проект 3. Проект CIVICA Mobiltas

Програмата за поддршка на граѓанското општество CIVICA Mobiltas, е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој го спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот Центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација SIPU. Проектот на НВО КХАМ е наменет за поддршка на процесот на институционален развој и организациско јакнење. Со проектот се цели кон општествени промени во областите на добро владеење, децентрализација и граѓанско оопштество.

ЗА ОБЛАСТА-ОБРАЗОВАНИЕ

Во однос на образовното ниво кај ромската зедница во РМ, а посебно во источно Брегалнички регион, има напредок, но состојбата е далеку од задоволителна. Се уште Ромите имаат најнизок образовен статус во државата.

Статистичките податоци говорат дека 20,6% од ромското население во државата се неписмени, 23,2% се без образование, 28,6% немаат завршено основно образование, 37,4% имаат основно образование, 9,7% имаат завршено средно образование, 0,2% и 0,3% имаат вишо или високо образование.

Проблемите со образованието кај ромската заедница се последица на долг историски процес и за решавање на овој проблем потребен е континуиран пристап, се додека не се постигне генерациско изедначување и и иста стартна основа.

За таа цел НВО „КХАМ“ саогласно стратекиот план ќе работи на:

1.Зголемување на опфатеноста на ромските деца во предучилишното образование

2. Зголемување на редовноста и подобрување на резултатите на ромските ученици од основното и средното образование

3.Афирмирање на ромската историја и култура

4. Подигање на свеста на родителите за важноста од образование на нивните деца

______________________________________________

ПРОЕКТИ

Проект 1 „Инклузија на децата Роми во Јавните предучилишни установи“

Во соработка со Министерството за труд и социјална политика НВО КХАМ Делчево веќе осма година го имплементира проектот во кој од учебната 2015/2016 година се вклучени деца од 3-5 годишна возраст.

Во три детски градинки во образовниот процес се вклучени вкупно 93 деца и тоа во: Делчево-38, Виница- 40 и с. Црник-Пехчево-15 деца. Со овој проект се следи напредокот и редовноста на децата во детските градинки. Предвидени се и работилници за родители во однос на потребата од предшколско вклучување на нивните деца во образовниот процес.

Оваа учебна године се предвидени работилници на тема „YOUR STORY“ од програмата МЕСЕД, која е дел од активностите на проектот. На овие работилници, фасцилитаторот е мајка во која другите забележале потенцијал во поглед на нејзината способност да ги координира активностите на другите мајки, а воедно преку нејзиниот пример на позитивен модел, да влијае на животите на останатите.

Предвидени се и активности од HSCL програма (Home School Community Laison). Оваа програма е всушност превентивна стратегија насочени кон учениците кои се изложени на ризик да не го постигнат својот потенцијал во образовниот систем. Обучениот тренерот од програмата се фокусира директно на работа со родителите со цел тие да бидат поддршка на децата во образовниот живот, учество и редовност во образовниот процес.

______________________________________________

Проект 2 „Туторска поддршка на ученици Роми кои учат во основно образование во Република Македонија“

Проектот „Туторска поддршка на ученици Роми кои учат во основно образование во Република Македонија“, финансиски и технички е поддржан од страна на Ромскиот едукативен фонд–Будимпешта.

Имплементиран е од Ромски ресурсен центар–Скопје (РРЦ) и НВО „КХАМ“ Делчево.

Цел на проектот е подобрување на соработката со основните училишта во три општини, Делчево,с. Црник и Виница преку реализација на туторска настава за ромските ученици од овие општини.

НВО КХАМ, во соработка со домашни и странски организации и фондации работи на потребата од континуирано подобрување на здравствениот статус на ромската заедница во Република Македонија. НВО КХАМ од Делчево работи интензивно во насока на подобрување на имунизацијата на децата Роми во источниот регион и обезбедување на правна помош од Роми-параправници.

Потпирајќи се на својата компетентност и претходно искуство, КХАМ планира организирано и посериозно да пристапи кон надминување на проблемот со негативните наративи кај здравствените работници кон ромската заедница.

______________________________________________

ПРОЕКТИ

Проект 1: Социјална отчетност и правно зајакнување на ромската заедница

Финансиран од ФООМ

Времетраење: од 2015 до 2016 година.

Цели за 2015 год

• Зголемување на бројот на вакцинирани деца на возраст од 0 до 15 год. за најмалку 90 % во Брегалничкиот регион

• Унапредување на женското здравје (скрининг програма за рано откривање на рак на грло на матката кај жените на возраст од 25 до 60 год. во Брегалничкиот регион)

•Зголемување на степенот на заштита од повреда на здравствни права на Ромите од Брегалничкиот регион

Целни групи:

• Ромски родители и деца на возраст од 0 -18 год. од Брегалничкиот регион (Делчево, с. Црник, и Виница)

• Жени Ромки на возраст од 25 до 60 год. од Делчево, с. Црник и Виница

• Здравствни професионалци од Делчево, с. Црник и Виница • Медиуми

• Институции кои делуваат на локално ниво во Локалните општини, Комисијата за заштита на правата на пациентите, Центарот за социјална работа итн од Делчево, Црник и Виница.

______________________________________________

Проект 2: Менување на негативите наративи за Ромите во здравствените институции

Финансиран од ФООМ

Времетраење: од 2015 до 2016 година.

Главна цел

Трансформацијата на негативните ставови/наративи кај здравствните работници, а со тоа и промена на генералната слика во насока на подобрување на здравствениот статус на Ромите во Источениот регион.

Специфични цели

• Промоција на добри практики преку кои ке се изврши мотивација за промена/трансформација на негативните наративни кај здравствените работници во целниот регион, а кои се резултат на предрасуди и стереотипи кон ромската заедница

•Сензибилизација и воспоставување на позитивен пристап на здравствени професипналци од здрстевните домови од општините Делчево, Пехчево и Виница за работа со пациенти -Роми

•Информирање и едуцирање на лица од ромската заедница oд трите таргет општини, за препознавање на нееднаквиот третман во нудењето на здравствени услуги и прекршени права од здравствена заштита

АКТИВНОСТИ

Права од здравствена заштита и здравствено осигурување
Kонкурс за избор на најдобар стрип
Европска конференција за здравство
Европска конференција за здравство Работилница за развивање на кампањи и план Обуката за примена на методологиите за социјална отчетност

ОБЛАСТ-ВРАБОТУВАЊЕ

Во изминатите години спроведени се голем број на програми за намалување на невработеноста и програми насочени кон ромската етничка заедница со посебен акцент на жената Ромка. Овие програми беа спроведувани како од владини така и од невладини институции и организации. Резултатот од овие програми е незначителен.. Невработеноста е сеуште е голема и еден од клучните прооблеми со кои се соочува ромската заедница. Генерално жените во источниот регион се застапени во конфекцикото производство каде имаме постојана промена на работните места од една во друга фирма од повеќе причини. Евидентна е експлоатацијата на нивниот труд и неможноста на државата за надминување на овој проблем. Ромите немаат соодветна квалификуваност со која ќе може да бидат конкурентни на пазарот на труд и со тоа би имале поширок избор за вработување. Ваквата моментална ситуација со невработеноста на Ромите не може да се амортизира или надмине во подолг рок со програми кои ги реализира државата преку своите агенции. Потребна е интервенција (од заедницата) која добро ги познава овие состојби во соработка со домашни и странски институции да развие конкретни програми со кои на ромската заедница ке и се понуди пред се зајакнување на самодовербата, подобрување на нивната квалификуваност, а со тоа и нивната конкурентност на пазарот на труд

______________________________________________

ПРОЕКТИ

Проект 1:„Подобрување на вработувањето на Ромите преку образование и обука“

Финансиран од ЕУ и имплементиран од Ромски Едукативен Фонд (РЕФ) Будимпешта

Партнери:НВО КХАМ Делчево и НВО „Амбрела“ Скопје Локација на проектот: Делчево, Шуто Оризари -Скопје, Виница, Тработивиште и с.Црник

Времетраење: 24 месеци

Од месец март 2016 година, а во тек на 24 месеци, ќе започне да се реализира проектот „Подобрување на вработувањето на Ромите преку образование и обука“.

Целна група: Деца Роми на возраст од нула до шест години и Роми кои престанале со своето образование пред завршувањето на средното образование

Цел на проектот е зголемување на бројот на вработување на маргинализираните ромските заедници преку образованието за возрасни и обука и програми за описменување, како и зголемен пристап до предучилишното образование на децата Роми.

______________________________________________

Проект 2: „Зголемување на учеството на жените Ромки на пазарот на труд“

Финансирана од Министерство за финансии, во рамките на ЕУ ИПА (Компонента за развој на човечки ресурси), а во партнерство со Македонска развојна фондација за претпријатија НВО КХАМ Делчево, ХДЗР Месечина од Гостивар и микрокредитната фондација Хоризонти.

Од 14.12.2015 година, проектот „Зголемување на учеството на жените Ромки на пазарот на труд“ се одвива во 6 града:Делчево, Пехчево, Берово, Тетово, Гостивар и Дебар.

Во првата фаза од реализацијата се планира да се се соберат доволно информации за препреките за вработување со кои се среќаваат жените Ромки, проценувајки ги работните вештини и знаења на целната група. Со оваа активност ке бидат информирани 100 жени.

Резултатите од спроведената анализа ќе служат како основа за студија за понатамошно креирање на иновативни и активни политики на пазарот на трудот Преку изработка на индивидуални планови за (само)вработување за жените Ромки и спроведување на стручни курсеви ќе се обезбедат технички, трговски и други професионални обуки и секоја учесничка од проектот ќе добие курс за стручно образование од прв степен.

Ќе се направи и прирачник за жените Ромки за добивање на правна , здравствена и друга помош. Ќе содржи контекст на проблем и решение. Ќе биде поделен на 4 дела и ке вклучува информации за главните правни, здравствени и проблеми за домување и вработување. Од страна на микрофондацијата „Хоризонти“ ќе се изработи програма за претприемништво за Ромките претприемачи. Основа за изработка на оваа програма ке бидат податоците кои ги има микрофондацијата Хоризонти. Ке се организизираат два основни курса за 40 ромки , првата ке биде за правните аспекти во кои ке биде вклучен модул за основно финансиско менаџирање, втората обука ке опфаќа маркетинг стратегии за малите бизниси.

______________________________________________

Проект 3: Зголемување на вработеноста на жените Ромки

Донатор: Македонска развојна фондација за претпријатија

Период на имплементација: 01.02.2015-31.07.2015

За проектот:

Цел: Придонес кон интеграција на жените Ромки од источно планскиот регион на пазарот на труд преку зголемување на можностите за вработување во руралните подрачја на Источна Македонија

Целната група се: Жени Ромки од источно планскиот регион, локални бизнисмени

Директни корисници: 40 жени Ромки

Целно подрачје: 7 општини (Делчево, Пехчево со с. Црник, Берово, Виница, Кочани, Штип и Радовиш) од Источно планскиот регион

Овој проект нуди можности за подобрување на вработливоста и вработеноста преку развивање на работните вештини кај жената Ромка. Со тоа ќе бидат поконкурентни на пазарот на труд и ке имаат поголеми шанси за вработување. Можноста за вработување директно влијае врз стандардот на ромската заедница и стандардот на граѓаните во целниот регион.

______________________________________________

АКТИВНОСТИ

 

На ден 12.07.2015 год., во просториите на НВО„КХАМ“-Делчево е одржан Завршен тест за Претприемачките/бизнис обуки. Издадени се вкупно 20 сертификати за технички вештини во соработка со Приватна образовна установа ПОУ- ОГУ„ Ванчо Прке“ Штип за кои обуката се изведуваше во периодот од 06.07.2015 до 08.09.2015 година во Штип. Издадени се и 9 сертификати за бизнис вештини на кандидатките. На овие обуки, претходеа низа активности: информирање и селекција на кандидатките (38 лица), изготвување на лични развојни планови, како средби со работодавачи и средби со жени Ромки заинтересирани за практиканство (чиракување) во приватни фирми и на крај испорака на обуки на заинтересираните.

Област Граѓански активизам

Опфатеноста на Ромите во креирањето на локалните и националните политикинеможе да се мери ниту во промили.

Ромите во РМ скоро и да не учествуваат во креирањето на националните и локалнитеполитики во државата кои се однесуваат на граѓанска вклученост на ромскатазаедница.

Граѓанското учество кај ромската заеднца се свееде на неколку инцијативи од ромскитеневладини организаци кои ни од далеку не ги задоволуваат потребите и интересите наРомите во РМ.

Тоа укажува на фактот дека ромската заедница е доста пасивна и политичкидезориентирана, подлежна на манипулации и без идеи.

Како НВО која меѓу другото работи и на граѓански ангажман на ромската заедница воисточниот регион, ќе работиме на:

-Вклучување и информирање на Ромите и маргинализираните групи, со акцент намладите, во креирање на политики на локално и национално ниво

______________________________________________

ПРОЕКТИ

Иницијатива од Невладината организација КХАМ

Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.