
Со стратегија и локални акциски планови, до еднакви можности за жените и мажите во општините Делчево, Берово и Пехчево
Прокетот Со стратегија и локални акциски планови, до еднакви можности за жените и мажите во општините Делчево, Берово и Пехчево финансиски е поддржан од Kvina till Kvina , а импленетацијата ќе трае од 01.10.2018 до 30.09.2019 година
Преку воспоставување на стратегија за родова еднаквост за општините Делчево, Берово и Пехчево ќе се интегрира родовиот аспект во сите активности на локалната самоуправа и во сите области од јавниот и приватниот сектор, ќе постои планиран пристап кон создавањето на услови за почитување на еднаквоста меѓу мажите и жените на локално ниво.
Локалните акциони планови ќе бидат ефикасен механизам за рамноправна вклученост и еднакво вреднување на улогата на мажите и жените во креирање на политиките на локално ниво и учество во процесите на одлучување.
Локалните акциони планови ќе треба да содржат актвинсоти за јакнење на жените восите области на живење на локално ниви со акцент на жените од маргинализираните групи, вклучително и жените Ромки.